ФОТО | Во проѕирна маица и без долна облека: Сопругата на Канје Вест сѐ уште се шета полугола

Фото: Vendetta / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Сопругата на американскиот рапер Канје Вест, Бјанка Ценсори, продолжува со својата пркосна голотија во јавност.

За време на вечера во Париз, таа била видена во проѕирна блуза низ која ѝ се оцртувале голите гради.

За разлика од нејзиниот неодамнешен изглед, кога се појави облечена во хулахопки и без долна облека, овој пат барем се обидела да го покрие интимниот дел од телото со својот мобилен телефон.

На Ценсори ѝ се заканува затворска казна или парична казна од 15.000 евра поради несоодветна облека во јавност бидејќи француските закони се многу строги по тоа прашање.


Да потсетиме, ова не е првпат таа да прекрши закон поради нејзините модни избори на одмор. Минатата година, на неа ѝ се закануваше парична казна од 10.000 евра и затвор за време на нејзиниот одмор во Италија, каде исто така се шеташе речиси гола.

Италијанците се почувствуваа навредени и коментираа на социјалните мрежи дека Ценсори не ги почитува со тоа што се облекува на тој начин. Многумина ѝ порачаа дека таа и нејзиниот сопруг веќе не се добредојдени во нивната земја.

Исто така, двојката беше под полициска истрага бидејќи беа фатени во компромитирачка положба, во која делуваа како да имаат орален секс во јавност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот