ФОТО: Во Антверпен запленет цел арсенал оружје

Белгиската федерална  полиција соопшти дека во градот Антверпен запленила цел арсенал воено оружје. 

Во полициската акција запленети се 21 калашников, бројно огнено оружје и муниција, кокаин, мобилни телефони и СИМ картички, 148.850  евра во кеш  како и документи со хемиски формули.

Случајот започнат во северот на Франција на почетокот на октомври кога биле сопрени двајца Французи со спортска торба која содржела четири калашникови и друго огнено оружје и муниција.

По контакти со белгиската полиција, истрагата довела до два стана и гаража во општина близу Антверпен каде е пронајден арсеналот.

Отворена е истрага од страна на Обвинителството, приведена е 38-годишна жена, нејзиниот сопатник, 42-годишен маж, е пуштен на слобода после распитот во полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот