ФОТО+ВИДЕО: Протестот за поддршка на Палестинците во Скопје се подели заради национални и религиозни скандирања и симболи

Фото: Слободен печат

Протестен собир во знак на солидарност со палестинскиот народ и нивниот отпор се одржува денеска на плоштад Македонија, нешто што следува откако повторно ескалираа судирите меѓу израелската армија и организацијата Хамас во реонот на појасот Газа.

Но, дел од учесниците го напуштија протестот за поддршка на Палестина бидејќи група протестанти се појавија со национални етнички симболи, наспроти тоа што било објавено од страна на организаторот дека такви работи ќе нема.

Од оваа причина, протестантите се поделија во две групи – едната далеку поголема со околу 200 демонстранти протестира со верски и национални симболи и скандирања, а другата група брои околу 20 демонстранти меѓу кои и организаторот на протестот.

– Ние од Социјален центар Дуња го организиравме овој протест, но за жал, протестот беше узурпиран и преземан од некои структури коишто за нас се непознати. Затоа ние се повлековме на оваа страна и тука ќе го одржиме нашиот мирен протестен собир и се оградуваме од другата толпа, изјавија од Социјален центар Дуња за време на протестот.

Протестот заврши со тоа што ги поврзаа сите етнички знамиња и се упатија од плоштадот кон Камени мост.

Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот