ФОТО: „УС Опен“ на интересен начин посака ново епско финале меѓу Алкараз и Ѓоковиќ

фото: EPA-EFE/MARK LYONS

Организаторите на последниот грен слем турнир за годинава „УС Опен“, кое ќе се одржи од 28 август до 10 септември, посакуваат ново финале меѓу моментно двајцата најдобри тенисери на светот, Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ.

Нешто слично како големата борба за титулата на Мастерс турнирот во Синсинати во која по скоро четири часа игра славеше српскиот ас Ѓоковиќ.

„УС Опен“ сподели една интересна објава во која се гледаат „Вуди“ и „Баз“, познатите ликови од анимираниот филд „Приказна за играчите“ (Toy Story), и моментот кога тие сонуваат големи соништа (кои секое дете ги препознава), а овие соништа овој пат ги сонуваат навивачите.

Затоа, УС Опен сподели објава во која пишуваше: „Слушнете нè, Ѓоковиќ и Алкараз се среќаваат повторно на УС Опен“.

Ѓоковиќ до сега трипати го освојуваше „УС Опен“ во 2011, 2015 и 2018 година, додека Алкараз славеше ланската 2022.

ВИДЕО | Не можеше да ги задржи емоциите: Прославата на Ѓоковиќ по победата во епското финале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот