ВИДЕО: Ѓоковиќ во епско финале го совлада Алкараз и го освои Мастерсот во Синсинати

фото: EPA-EFE/MARK LYONS

Новак Ѓоковиќ го освои Мастерс турнирот во Синсинати, САД, откако го совлада првиот светски рекет Карлос Алкараз од Шпанија со 2:1 во сетови 5:7, 7:6 (7) и 7:6 (4).

Три часа и 50 минути траеше спектакуларното финале во кое уживаше публиката на трибините и секако фановите ширум светот. Ова беше најдолгиот меч во историјата на турнирот.

Иако имаше здравствени проблеми, најдобриот српски тенисер покажа неверојатна психичка и физичка сила и откако го загуби првиот сет и многу неблагодарна ситуација во вториот, конечно успеа да ја сврти ситуацијата во своја полза и да освои нова титула, вкупно негова 39 мастерститула во кариерата.

По овој триумф Ѓоковиќ ја намали разликата на АТП-листата на само 20 поени, па по УС Опен речиси сигурно повторно ќе биде број 1, бидејќи сегашниот најголем ривал брани 2.000, а тој ниту еден поен.

Ѓоковиќ е осамен на третото место на листата на тенисери со најмногу победи, со 1,069. Пред него се само Џими Конорс со 1,274 и Рожер Федерер со 1,251, но никој нема негов процент на успех – 83,5 отсто, бидејќи загуби само 211 пати.

Втор на таа листа е Рафаел Надал со резултат 1.068:220, т.е. 82,9 отсто.

Алкараз минатата година го доби првиот меч во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид, Ноле се реваншираше во истата фаза на „Ролан Гарос“, па го загуби финалето на „Вимблдон“, а сега повторно израмни.

Двајцата се фаворити во пресрет на „УС Опен“, кој започнува на 28 август. Шпанецот го брани тронот, Ноле се враќа откако минатата година не му беше дозволен влез во САД, бидејќи не беше вакциниран против коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот