ФОТО: Угостителите и туристичкиот сектор на протест

Од протестот на угостителите во април. / Фото: Слободен Печат. / Драган Митрески

Сопственците на ресторани, игротеки, туристички агенции денеска на протест бараат спас на дејностите и под мотото „Ќе можете ли“ бараат финансиска поддршка од Владата.

– Ние во изминатите години докажавме дека можеме и знаеме да работиме, од нула изградивме бизниси со кои ги одржуваввме нашите семејства и семејствата на нашите вработени. Изборниот слоган на сегашната влада беше „Можеме“. Затоа сега бараме да можат да ни помогнат. Бараме еднократка финансиска помош не само за зачувување на работните места, ние немаме средства за егсистенција. Понуди од Влада за користење на кредити нема да ги сметаме за помош. Бараме еднократна финансиска помош во вид на грант за сите угостителски објекти, рече Мартин Ангеловски , потпретседател на Туристичко-угостителската комора.

Туристичките агенции истакнаа барања за еднократна неповратна финансиска помош, како и продолжување на рокот на туристичките ваучери кои граѓаните не ги искористија до крајот на 2022 година, а ваучерите од владината мерка „Дома си е дома” да се реализираат исклучиво преку туристичките агенции за да можат да бидат опфатени хотелите, агенциите, водичите и превозниците.

Исто така, и игротеките се придружија на протестот.

– Бараме финансиска поддршка додека не се создадат услови за работа. Протестот ќе трае сѐ до исполнување на нашите барања, рече последниот говорник, сопственик на игротеката „Во светот на децата“, Трајко Николовски.

Скопје, 20 април 2021 / Фото: Слободен Печат. / Драган Митрески
Скопје, 20 април 2021 / Фото: Слободен Печат. / Драган Митрески
Скопје, 20 април 2021 / Фото: Слободен Печат. / Драган Митрески
Скопје, 20 април 2021 / Фото: Слободен Печат. / Драган Митрески
Скопје, 20 април 2021 / Фото: Слободен Печат. / Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот