ФОТО | Таткото на Мадона го прослави 90-от роденден: Кралицата на поп – музиката објави прекрасни моменти од семејната прослава

Instagram
Instagram

Кралицата на поп-музиката, Мадона, заедно со своите три сестри Мелани, Пола и Џенифер, го посетија нивниот татко Силвио Чиконе, по повод прославата на неговиот 90 роденден. Во таа пригода беа направени фотографии на таткото со неговите четири деца, кои јавноста до сега немала можност да ги види. Мадона ги објави фотографиите од семејниот роденденски собир на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Таа му го честиташе роденденот на својот татко, кој има италијанско потекло, а кој, како што вели Мадона, морал да се мачи како имигрант во средината на минатиот век во Њујорк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @robertxavier


Фотографиите од нејзините сестри брзо ги преплавија социјалните мрежи, а сите коментираат дека Мадона драстично се издвојува од остатокот на семејството – и по фигурата и по физичкиот изглед, и по облеката, што го нарекуваат ексцентричен во споредба со остатокот од нејзиното семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот