ФОТО: Стотици уапсени за време на протести против воведените мерки во Австралија

Демонстранти на улиците на Мелбурн, Австралија, 18 септември 2021 / Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Неколку полицајци се повредени, а стотици демонстранти беа уапсени денеска во вториот по големина град во Австралија, Мелабурн, при жестоките судири за време на протестите против воведените ограничувања.

Полицијата употреби бибер спреј и уапси повеќе од 200 лица во Мелбурн, откако неколку стотини граѓани ги прекршиле наредбите да останат дома и минаа низ кварт во центарот на градот.

Демонстрант на улиците на Мелбурн, Австралија, 18 септември, 2021 / Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Нелегалниот собир се одржа во момент кога градот минува низ својата шеста блокада од почетокот на пандемијата на Ковид-19. Полицијата соопшти дека шестмина полицајци биле пренесени во болница по судирите со околу 700 демонстранти.

– Она што го видовме денеска беше група демонстранти кои се собрале не за да протестираат против слободите, туку едноставно да се борат и тепаат со полицијата, изјави за медиумите командантот на полицијата во државата Викторија, Марк Галиот.

Полицијата се обиде да го намали пристапот до центарот на градот, блокирајќи ги патиштата и сопирајќи го јавниот превоз со цел да избегне повторување на насилните сцени од митингот минатиот месец, кога се собраа илјадници луѓе.

Огромен број полицајци успеаја да спречат сличен собир во Сиднеј, бидејќи паркот каде што требаше да се одржи беше преполн со униформирани полицајци.

Судир на демонстрантите со полицијата во Мелбурн, Австралија, 18 септември 2021 / Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Полицијата на Нов Јужен Велс соопшти дека уапсила околу 20 лица во градот, главно во мрежата за јавен превоз, додека неколку други биле уапсени за време на помалите собири во државата.

Двата града се наоѓаат под продолжени блокади, а власта се обидува преку вакцинација на населението да се овозможи олабавување на рестриктивните мерки.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот