ФОТО | Стара 2.700 години и тешка 18 тони: Повторно откриена неверојатната асирска скулптура во Ирак

Фото: Профимедиа / Твитер

Ископувањата во северен Ирак доведоа до повторно откривање на скулптура стара околу 2.700 години. Претставата на Ламасу, асирско божество со човечка глава, тело на бик или лав и огромни крилја, е откриена речиси недопрена во близина на Хорсабад, на која ѝ недостасува само главата, а се чува во музеј во Багдад, пренесува „Ашарк Ал-Авсат“. 

Фото: Zaid AL-OBEIDI / AFP / Profimedia

„Никогаш во животот не сум ископал нешто толку големо. Вообичаено, Египет или Камбоџа се места каде што се наоѓаат толку големи скулптури“, вели Паскал Бутерлин, француски археолог кој го водел ископувањето и професор по античка блискоисточна археологија на Сорбона.

Како што тој додаде, скулптурата е тешка 18 тони, а димензиите се 3,8 метри на 3,9 метри.

Скулптурата на Ламасу била подигната на влезот од античкиот асирски град Дур-Шарукин, денешен Хорсабад. Изградбата на тој град во 713 п.н.е. ја наредил познатиот асирски крал Саргон II.

Фото: Принтскрин / Твитер

На околу 20 километри од Ниневија, изградена е нова палата и нов град, кој имал правоаголен облик и бил со димензии 1.760 на 1.635 метри.

Скулптурата за првпат била спомната од францускиот археолог Виктор Плас, но беше откриена во 1992 година. Главата на скулптурата беше украдена во 1995 година, подоцна пронајдена, а моментално се наоѓа во музејот во Ирак. Во тој период главниот дел од скулптурата била повторно закопан за да биде зачувана во турбулентни времиња и војни.

Фото: Принтскрин / Твитер

Скулптурата на Ламасу во Хорсабад која беше закопана, ја преживеа војната со Исламската држава, бидејќи групата уништи делови од градот во 2015 година. Таа уништи антички, неисламски места од културното наследство низ целиот регион, меѓу кои можеби најзначајно во Палмира, Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот