ФОТО | Шон Пен морал да ја напушти Украина: Пешачевме со километри до полската граница

Фото: Твитер

Американскиот актер и режисер Шон Пен ја напушти Украина и откри дека со својот тим заминал во Полска.

„Јас и двајца колеги пешачевме со километри до полската граница откако го оставивме автомобилот покрај патот. Речиси сите автомобили на оваа фотографија превезуваат само жени и деца, повеќето се без никаков багаж, а автомобилот им е единствената вредност“, напишал познатиот актер на својот твитер-профил.

 

Инаку, оскаровецот со месеци снима документарен филм за ситуацијата во Украина, а во оваа земја дошол кога започнала руската агресија.

Кабинетот на претседателот на Украина тогаш објави соопштение преку украинската амбасада во кое го пофали Шон Пен.

„Режисерот специјално дојде во Киев за да ги сними сите настани што моментално се случуваат во Украина и да му ја каже на светот вистината за руската инвазија на нашата земја“, се вели во соопштението. „Шон Пен е меѓу оние кои денес ја поддржуваат Украина во Украина. Нашата земја му е благодарна за таквото покажување храброст и чесност“, напишаа во соопштението.

„Шон Пен демонстрира храброст што им недостигаше на многу други, особено на некои западни политичари. Колку повеќе такви луѓе – вистински пријатели на Украина, кои ја поддржуваат борбата за слобода – толку побрзо можеме да ја запреме оваа грозоморна инвазија на Русија“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Art Bureau ⚪️ (@art_bureau__)

Пред тоа, тој ја посети Украина во ноември 2021 година и ги започна подготовките за овој проект, кога беше во посета на армијата, како што покажуваат фотографиите објавени тогаш од прес-службата на Операцијата на здружените сили на Украина.

Шон Пен: Ако дозволиме Украина да се бори сама, душата на Америка е изгубена

ФОТО | Шон Пен е во Украина: Оскаровецот снима документарен филм за инвазијата на Русија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот