ФОТО | Шокантна изјава: Канје Вест откри со која славна жена тој и неговата сопруга сакаат да имаат тројка

Канје Вест и Бјанка Ценсори / Foto: GAMR KHROME / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA

Раперот и дизајнер Канје Вест во најновото шокантно интервју, откри со која славна личност би сакале тој и неговата сопруга Бјанка Ценсори да имаат тројка. Гостувајќи во поткастот „Данлоуд“, Канје отворено зборувал за својот љубовен живот.

Канје Вест опуштено разговарал, а на прашањето на водителот со која позната жена би сакал да има тројка, тој како од ведро небо одговорил: „Мишел Обама“, а потоа изјавил уште пошокантна работа: „Едноставно мораш да ја исексаш жената на претседателот“.

Барак и Мишел Обама / Фото: Obama for America / Flickr

„Не престанува да ја понижува несреќната Бјанка“, „Жал ми е за неговата сопруга“, „Тој има сериозно нарушување“, „Срамота што зборува овој човек“, се само дел од коментарите.

Да потсетиме, Мишел Обама беше прва дама на САД од 2009 до 2017 година, а е во брак со поранешниот претседател Барак Обама. Канје Вест во 2013 година предизвика бурни реакции откако тврдеше дека неговата тогашна свршеница Ким Кардашијан била повлијателна од Мишел.

Инаку, ова беше прво појавување на Канје во јавноста откако раперот беше обвинет дека удрил маж в лице откако тој наводно сексуално ја нападнал и несоодветно ја допирал неговата сопруга Бјанка Ценсори во Лос Анџелес.

Вест, наводно, удрил неименуван маж, за кој полицијата на Лос Анџелес навела во извештајот дека „ја турнал или зграпчил“ неговата сопруга Бјанка Ценсори. Но, адвокатскиот тим на раперот изјави за „Дејли мејл“ дека Бјанка не била само турната. Наместо тоа, тие тврдат дека мажот сексуално ја нападнал, поточно, дека ги ставил своите раце под фустанот на Бјанка, ја фатил за половината и ѝ праќал бакнежи.

Канје потоа го удрил со тупаница, според извештајот на полицијата до кој дојде американскиот портал ТМЗ.

На неименуваниот маж не му била потребно медицинска помош за повредите, но поднел пријава за напад во полиција.

Канје Вест е обвинет за физички напад на маж: „Ги стави рацете под фустанот на Бјанка“

ФОТО | Сопругата на Канје Вест полугола на вечера: Облекла само градник и хулахопки, а интимната зона ја покрила со чантата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот