ФОТО | Шерон Стоун топлес на 64 години! Инстаграм „гори“, луѓето не веруваат како изгледа

Фото: EPA/FELIPE TRUEBA

Популарната актерка Шерон Стоун (64) ја крена температурата на Инстаграм бидејќи објави провокативна фотографија на која ги покажа голите гради.

Жената која изгледа неверојатно на оваа возраст од животот докажа дека сè уште е „жив оган“, но и дека има голема самодоверба.

Шерон Стоун гордо го покажа своето тело и им зададе домашна задача на своите помлади колешки, бидејќи ги прифатила сите свои недостатоци.

„Благодарно несовршена на совршен ден“, напишала холивудската дива покрај објавата. Фотографијата предизвика лавина од воодушевувачки коментари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)


„Жив оган“, „Секс икона“, „Легенда“, „Прекрасна жена“, „Прекрасна си, како и секогаш“, „Сè уште си динамит“, „Толку природна, толку убава жена“, се само дел од коментари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)


Шерон Стоун важи за една од најдобрите во Холивуд, а важи и за една од најубавите жени во светот. Иако зад себе има богата кариера, Шерон отворено зборуваше за тешките периоди во минатото, а призна дека изгубила девет деца.

– Ние жените немаме простор да зборуваме за оваа болна загуба. Тоа не е мала работа. Меѓутоа, принудени сме да мислиме дека тоа е нешто со кое треба да се справиме самите и дека тоа е некаков вид неуспех. Изгубив девет деца со абортус – открила таа.

Шерон Стоун
Фото: Alamy/Profimedia

ФОТО | Неверојатното тело на Шерон Стоун: Фановите фасцинирани

Шерон Стоун откри дека доживеала девет спонтани абортуси: Оваа загуба не е мала работа

Продолжува кралската премиера на Џејмс Бонд: Шерон Стоун го придружуваше Принцот Алберт во Монако

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот