ФОТО | Се разгори страста: Згодната Италијанка го зграпчи Леонардо Дикаприо за задникот

Фото: Profimedia

Костимираните забави за Ноќта на вештерките го одбележаа изминатиот викенд, а меѓу познатите личности кои посетија една од нив се и актерот Леонардо Дикаприо и неговата партнерка, манекенката Виторија Серети.
Тие биле забележани на забава во саботата, во Лос Анџелес, а нивните фотографии за неколку часа станаа вирални на социјалните медиуми.

Имено, на фотографиите, 25-годишната Серети ја ставила раката во боксерките на холивудскиот заводник, а на лицето имала широка насмевка додека му шепнувала нешто на уво.

Во духот на празникот, манекенката била со црвена перика на главата. Се чини дека актерот не бил расположен за маскирање, па се појавил во неговиот препознатлив изглед – бела маица, црни панталони и црн качкет.

Серети и Дикаприо се во врска од август годинава. Тогаш за првпат беа фотографирани заедно на Ибица, Шпанија, а оттогаш фоторепортерите многупати ги фатија заедно на повеќе различни локации ширум светот – од Милано, до Лос Анџелес.

Некогашната холивудска надеж: На 19 години ме советуваа да имам секс со Дикаприо за да успеам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот