ФОТО: Реал Мадрид го претстави турското фудбалско чудо Арда Ѓулер

фото: EPA-EFE/J.P. GANDUL

Реал Мадрид и официјално го објави доаѓањето на младиот турски фудбалер Арда Ѓулер (18), кој доаѓа од редовите на Фенербахче.

„Кралевите“ го претстави своето ново засилување во свечената сала на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

– Сакам да станам легенда на Реал Мадрид. Многу клубови ме сакаа, но одлучив да се приклучам на Реал. Ова е најголемиот клуб на светот – се зборовите на Ѓулер.

Ѓулер е веќе голема ѕвезда во Турција, има 2,2 милиони фанови на Инстаграм – толку имаше пред да се пресели во Реал.

За Фенербахче настапи 51 пат, постигна девет гола и запиша 12 асистенции. За турската репрезентација дебитираше во 2022 година на 17 години, а на 19 јуни стана најмладиот стрелец на репрезентацијата во историјата.

Официјално: Арда Ѓулер нов фудбалер на Реал Мадрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот