ФОТО | Потсети на принцезата Дијана: Елегантно издание на Кејт Мидлтон на годинашниот Вимблдон

Фото: EPA/Profimedia

Кејт Мидлтон денеска присуствуваше на престижниот тениски турнир Вимблдон, заедно со својот близок пријател, поранешниот тенисер Роџер Федерер и неговата сопруга Мирка Федерер, пишува „Дејли мејл“.

Принцезата од Велс беше дел од многубројната публика, која му даде громогласен аплауз на спортистот за неговите ѕвездени достигнувања во „белиот спорт“.

Како потсетување, Федерер стави крај на својата кариера минатата година. Многу тениски критичари и негови колеги го сметаат за најдобар тенисер на сите времиња.

Кејт Мидлтон со Роџер и Мирка Федерер / 4 јули 2023 / Фото: i-Images / Eyevine / Profimedia

Како и секогаш, Кејт Мидлтон воодушеви со елегантната модна комбинација. За овој настан, таа се одлучи за бело плисирано здолниште, зелено сако од луксузната модна куќа „Балман“, салонки со потпис на Џанвито Роси и чантичка од „Малбери“.

Кејт Мидлтон на Вимблдон / 4 јули 2023 / Фото: Stephen Lock / Zuma Press / Profimedia

Модниот стил на Кејт Мидлтон неретко е споредуван со оној на покојната принцеза Дијана, но оваа модна комбинација особено ги потсети сите на саканата „принцеза на народот“ и нејзината љубов кон ваквите сакоа.

Кејт Мидлтон на Вимблдон / 4 јули 2023 / Фото: EPA-EFE/HANNAH MCKAY
Кејт Мидлтон на Вимблдон / 4 јули 2023 / Фото: EPA-EFE/HANNAH MCKAY

ВИДЕО | Федерер со овации дочекан на Вимблдон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот