ФОТО | Поранешната финска премиерка по разводот не губи време: Во кратко кожено здолниште се забавува на фестивал

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/EPA-EFE/ROBERTO MONALDO_LA PRESSE / POOL

Поранешната премиерка на Финска, Сана Марин (37) одлучи да ги отфрли костумите карактеристични за политичарите и да облече проѕирни фустани и кратки здолништа – само неколку месеци откако ја напушти позицијата државник, но и нејзиниот сопруг.

Марин ја покажа својата вита фигура во неколку елегантни, но и малку оскудни фустани додека се забавуваше со своите пријатели на фестивалот „Флоу“, тридневен музички фестивал кој се одржува во Хелсинки.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Најмладата светска лидерка во историјата сподели бројни фотографии на кои ужива во животот без политика и, како што го нарече, во својот прв „вистински летен одмор“ по долго време.

Своите следбеници на социјалните мрежи ги почести со неколку секси изданија во тесен проѕирен црн фустан и кожено мини здолниште, а многумина коментираа како Сана оди во чекор со времето, но и со помладата генерација.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Да потсетиме, поранешната финска премиерка ја изненади јавноста кога пред повеќе од два месеци ја објави веста дека се разведува од сопругот Маркус Раиконен, со кој беше во брак три години, а во врска вкупно 19 години.

„Заедно поднесовме барање за развод. Благодарни сме за 19 години заедно и за нашата сакана ќерка“, напиша Марин во својата „приказна“ на Инстаграм.

Марин официјално се повлече од функцијата премиерка на Финска кога Петери Орпо од Националната коалициона партија ја презеде функцијата. Иако беше носителка на листата, Марин и нејзината партија го зазедоа третото место на изборите.

Во Финска, таа се соочи со критики поради објавените видеа од нејзините „луди“ приватни забави кои протекоа на интернет и високите јавни издатоци на нејзината влада.

 

Финската премиерка во поинакво светло: Сана Марин во чизми и кожна јакна на рок фестивал

ВИДЕО | Лудо танцување, а во позадина се слуша зборот „кокаин“: Финската премиерка на удар поради провокативното видео

Финската премиерка по бројните реакции: Подготвена сум да направам тест за дрога

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот