ФОТО | Погледнете ја првата фотографија од Лејди Гага и Хоакин Феникс во „Joker 2“

Фото: Инстаграм/Тод Филипс

Пејачката Лејди Гага (36) навестува уште една неповторлива улога во новото продолжение на „Joker“, „Joker: Folie à Deux“.

Гага, која првпат блесна во оскаровскиот „A Star Is Born“, ќе го портретира ликот на Харли Квин, покрај едно од најталентираните актерски имиња во Холивуд оскаровецот, Хоакин Феникс.

Режисерот на филмското продолжение, Тод Филипс на својот инстаграм-профил постираше фотографија од сетот, каде можеме да ги видиме Лејди Гага и Хоакин Феникс во љубовна сцена, пред да споделат бакнеж, и тоа изгледа импресивно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Todd Phillips (@toddphillips)


Неверојатно е колку само една фотографија може да го покаже талентот и актерската синергија помеѓу двајцата актери.

Во декември минатата година Филипс сподели прва фотографија од изгледот на Хоакин Феникс во толку очекуваното продолжение на филмот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Todd Phillips (@toddphillips)


Иако деталите за приказната не се откриваат, датумот на премиерата е закажан за 4 октомври 2024.

Меѓу останатата актерска екипа која ќе ја видиме во филмот се појавуваат Зази Биц, Брендан Глисон, Кетрин Кинер, Џејкоб Лофленд и Хери Лоти.

Хоакин Феникс повторно во улога на Џокер: Објавен датумот на премиерата на психолошкиот трилер

ВИДЕО | Лејди Гага „образ до образ“ со Хоакин Феникс во „Џокер 2“: Пејачката ги потврди гласините

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот