ФОТО | По скандалот со монтираната фотографија: Кејт Мидлтон и Вилијам „уловени“ пред замокот Виндзор

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Кејт Мидлтон денеска повторно беше забележана во јавноста во друштво на нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, пред замокот во Виндзор.

Фотографите успеаја да направат нови фотографија од принцезата од Велс, чие закрепнување по операцијата на абдомен што ја направи на 16 јануари во Лондон, постојано е под огромно внимание на светската јавност. Но, на фотографиите може да се забележи како Кејт им го врти лицето на фотографите.

Инаку, принцот Вилијам се упати на прославата на Денот на Комонвелтот во Вестминстерската опатија во Лондон, на која не се очекува да присуствува Кејт, пишува „Дејли мејл“.

Нејзиното појавување доаѓа откако Кенсингтонската палата објави фотографија со Кејт и нејзините три деца за Денот на мајката. Бидејќи на сликата има голем број грешки, принцезата конечно се огласи и објасни дека како и многу фотографи аматери, таа повремено експериментира со уредување на фотографии. Зад објективот беше принцот Вилијам, но монтираната фотографија започна низа нови теории на заговор.

Експертите за односи со јавноста ги повикаа претставниците на Палатата да ја објават немонтираната фотографија и да се обидат да ја вратат довербата на јавноста. Палатата е обвинета дека ја криела вистината зад фотографијата, а фотографијата била и повлечена од агенцијата „Прес асосиејшн“ поради дигитална манипулација.

Властите го потврдија датумот: Познато е кога Кејт Мидлтон ќе им се врати на обврските

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот