ФОТО| Парче метал што порано било автомобил „Ферари“, продадено на аукција за 2 милиони долари

Фото: Instagram

Вдлабнат, напукнат и изгорен метал што пред неколку децении бил тркачки автомобил на Ферари, беше продаден на аукција на „РМ Сотби“ во Калифорнија за речиси 2 милиони долари, пишува „Си-ен-ен“.

Иако звучи неверојатно, ова не е толку страшна инвестиција како што изгледа, особено ако купувачот бара нешто повеќе од пари. Всушност, се рабти за парче метал, што сведочи за историјата на трките и на новиот сопственик, му носи момент на слава.

Еден од само 13-те произведени, оваа серија 1 „Ферари мундиал спајдер“ („Ferrari Mundial Spyder“) од 1954 година, не бил еден од легендарните V12 модели на „Ферари“, туку сосема поинаков дизајн. Автомобилот со четири цилиндри бил наменет за возење, по тркачки патеки со многу кривини во различни правци, каде што е потребен помал и полесен мотор.

Победнички дизајн

„Ферари“ ги освои светските првенства во 1952 и 1953 година со автомобилите од овој дизајн, па оттука и неговото име „Mundial“, што значи „Светски“.

Познато по бројот на шасијата, 0406 MD, каросеријата првично била изградена од познатата италијанска дизајнерска фирма „Пинин Фарина“ („Pinin Farina“). Во далечната 1954 година, го возеше Франко Кортезе, истиот човек кој возел за „Ферари“, години порано до првата победа.

Фото: Instagram/ rmsothebys

Комплицирана историја

Како и со многу стари тркачки автомобили, така и овој имал комплицирана историја. Една година откако е создаден, компанијата „Скалиети“ му направила поинакво тело, пред да биде испратено во САД во 1958 година.

Во одреден момент во доцните педесетти или почетокот на шеесеттите, овој автомобил бил оштетен и изгорен, но не се знае дали во исто време. Децении подоцна, деталите сè уште се нејасни. Дотогаш, неговиот оригинален мотор исто така бил заменет.

Оштетениот автомобил бил купен од колекционерот на „Ферари“, Валтер Медлин во 1978 година и ги поминал последните 45 години во сегашната состојба во складиште.

Фото: Instagram/ rmsothebys

Најскапото „Ферари“ продадено на аукција, досега беше „Ферари 250 ГТО“ од 1962 година, кое го понуди и аукциската куќа „РМ Сотби“. Оваа аукциска куќа го продаде во 2018 година за 48,4 милиони долари.

Брајан Раболд потпретседател на компанија која ги следи вредностите на колекционерските автомобили,  вели дека „Ferrari Mondial Spider“, во зачувана состојба може да се продаде за нешто повеќе од 2 милиони долари. Во последните години некои се продадени и за 5 милиони долари.

Фото: Instagram/ rmsothebys

Тој додал, дека за овој оштетен автомобил, веројатно ќе бидат потребни околу 1 милион долари, за да се врати во состојбата пред несреќата и да се вози. Поради ова, новиот сопственик би можел барем да ги врати вложените пари. Но, профитот не е главната причина зошто некој би ја купил оваа руина.

„Продажната цена не остава многу простор за финансиска добивка, но за новиот сопственик поголема награда ќе биде да го врати овој историски автомобил во поранешната состојба, со што ќе биде награден со репутација меѓу колекционерите на вакви автомобили“, изјавил Брајан.

Фото: Twitter/ Rally

Провизијата на аукциската куќа е вклучена во цената од 1,9 милиони долари, а купувачот не е познат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот