ФОТО | Овие познати парови се венчале на Денот на вљубените, но нивната љубов не траела

Фото: Profimedia

Најромантичниот ден за многумина е 14 февруари, Свети Валентин или денот кој уште се нарекува „Ден на вљубените“. Затоа многу парови решиле токму на овој ден да ја крунисаат својата љубов и да го кажат судбоносното „да“ на своите сродни души. Меѓутоа, некои од нив сфатиле дека не ја нашле љубовта на својот живот, па нивните бракови пропаднале.

Адријана Лима и Марко Јариќ

Адријана Лима и Марко Јариќ / Фото: Profimedia

Светскиот супермодел и кошаркарската суперѕвезда се венчаа на 14 февруари 2009 година во Вајоминг, а нивната љубов беше крунисана со раѓањето на нивната ќерка Валентина. За жал, пет години подоцна, поранешниот пар објави дека се разведува, а разводот беше финализиран во 2016 година.

Мег Рајан и Денис Квејд

Фото: kpa Publicity / United Archives / Profimedia

Кога американската актерка реши да се омажи за холивудскиот заводник во 1991 година, сите помислија дека тоа е пар како од рајот. Затоа многумина беа шокирани кога Мег и Денис, кои во тоа време веќе имаа едно дете, се разведоа по девет години брак.
Причината – Мег го изневерил сопругот со Расел Кроу.

Шерон Стоун и Фил Бронштајн

Фото: ZUMAPRESS.com / Zuma Press / Profimedia

Гостите на венчавката на парот мислеле дека присуствуваат на голема забава за Денот на вљубените, организирана од Шерон, само за да дознаат дека всушност биле на нивната венчавка.

Тие посвоија и дете, но по шест години се простија еден од друг.

Кери Расел и Шејн Дири

Фото: Dimitrios Kambouris / Getty images / Profimedia

Сите се надеваа дека славната Фелисити ја нашла својата среќа кога во 2007 година решила да се омажи за долгогодишниот дечко Шејн. Таа тогаш беше бремена, но по речиси седум години брак и уште едно дете, парот објави дека се разделува.

Успешно го криеја тоа неколку месеци – објавија дека се разведуваат во декември 2013 година, но всушност беа разделени од летото истата година.

Принс и Мејти Гарсија

Фото: – / Shutterstock Editorial / Profimedia

Познатиот музичар и неговата сакана се запознале на неговиот концерт во Шпанија, а шест години подоцна, на Денот на вљубените, се венчале.

Истата година се венчале, добиле и син кој се родил со тешка болест, а починал една недела подоцна. Не долго потоа Мајт повторно забременила, но имала спонтан абортус. И тоа е она што им го скрши бракот.

– Верувам дека кога ќе ти умре детето, тоа или ја прави двојката посилна или не. Ми беше многу тешко да продолжам понатаму, а мислам дека тоа нѐ скрши како двојка – изјави тогаш таа.

По смртта на пејачот таа изјави дека отсекогаш го сакала, а тој сега е со нивниот син.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот