ФОТО | Новиот филм на Нетфликс ги шокираше гледачите: Познатата оскаровка се појави целосно гола

Фото: Instagram / jenniferlawrence_

Познатата актерка Џенифер Лоренс ги шокираше обожавателите кога се појави во сцена каде е целосно гола, во нејзиниот нов филм „No Hard Feelings“, кој штотуку се појави на „Нетфликс“.

Оскаровката го разголи своето тело во многу сликовита сцена на која се гледа како се справува со група хулигани на плажата, откако тие ѝ ја украле целата облека, не оставајќи ништо на имагинацијата на гледачите.

Таа инаку во филмот го отелотвори ликот на Меди, која одговара на необичен оглас за да си ја спаси куќата поради тешката животна ситуација. Огласот го објавиле богати родители кои сакаат да му најдат девојка на својот срамежлив 19-годишен син пред тој да оди на факултет, но излегува дека необичниот тинејџер не е баш лесно да се заведе.

Нејзините обожаватели на социјалните мрежи веднаш започнаа да го коментираат необичниот потег на актерката.

„Дали навистина ја видов Џенифер Лоренс како се бори гола?“;  „Таа е целосно бестрашна, овие сцени се урнебесни“; „Никогаш не мислев дека ќе видам гола Џенифер Лоренс како тепа дете на плажа“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Да потсетиме, Лоренс во 2013 година доби Оскар за најдобра актерка за улогата во филмот „Silver Linings Playbook“, кога првпат се сопна, но не и последен пат на доделувањето.

Таа неодамна ја воодушеви јавноста когасе појави на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал во долг елегантен фустан со апостолки на нозете.

ФОТО | Романтична прошетка на Пике и новата девојка, за која вели дека е „поразбирлива“ од Шакира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот