ФОТО | Никој не ѝ е рамен: Хелен Мирен со тиркизна коса на црвениот тепих во Кан

Фото: Instagram/ Profimedia

Една од најистакнатите личности кои се појавија на црвениот тепих на отворањето на Канскиот филмски фестивал беше британската актерка Хелен Мирен, која го привлече вниманието со својата тиркизна коса.

Фото: Instagram/ festivaldecannes

Имено, таа ја покажа тиркизната коса на отворањето на Канскиот филмски фестивал пред премиерата на филмот „Jeanne du Barry“.

Дамата го покажа своето уникатно чувство за стил, бидејќи нејзиниот прекрасен фустан совршено се совпаѓаше со бојата на нејзината коса. Таа изгледаше сензационално во сатенскиот фустан, кој ги истакна нејзината фигура и длабоко деколте. Во рацете носеше ладало со натпис „Вреди“ (#worthit), со големи букви.

Фото: Doug Peters / PA Images / Profimedia

На 77 години, Мирен изгледа подобро отколку кога за прв пат се појави на сцената во 80-тите. За својот добар изглед смета дека и помага самодовербата, која, како што во неколку наврати потврди, дека се стекнува само со годините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот