ФОТО | Никогаш не е доцна за љубов: Пензионери се запознале на 80 години и стапиле во брак

Фото: Фејсбук/„Сент Моника“

Кристофер Стритс (82) и Роза Стритс (81) се преселиле во едно пензионерско село во Кејншем, Англија откако нивните сопружници починале, пишува „Би-би-си“.

Тие се венчале кон крајот на јули годинава, 18 месеци откако се запознале во домот и го испиле првото утринско кафе.

„Толку многу се забавувавме заедно и одличната работа е што поминуваме толку многу време смеејќи се“, раскажала Роза Стритс.

Фото: Фејсбук/„Сент Моника“

Двојката се венчала опружена со членови на нивните семејства, по што следувал свечен ручек во еден локален ресторан.

„Беше многу емотивно за двајцата. Покрај нас беа нашите деца и внуци, а, исто така, правевме и онлајн пренесување на свадбената церемонија за роднините кои живеат во Нов Зеланд“, изјавил Кристофер Стритс.

Фото: Фејсбук/„Сент Моника“

Опишувајќи како првпат се сретнале, г-ѓа Стритс, поранешна медицинска сестра, рекла: „Го видов како седи покрај прозорецот, а јас седев спроти. Сонцето сјаеше врз него, а тој носеше симпатични жолти чорапи, кои се чинеше дека речиси светат од сончевите зраци. Потоа дојде и седна до мене на каучот и почнавме да разговараме“.

Г-дин Стритс, поранешен консултант за рударство, и г-ѓа Стритс брзо откриле дека имаат многу заедничко, вклучувајќи љубов кон уметноста, театарот, историјата, музиката и поминувањето време на село.

Фото: Фејсбук/„Сент Моника“

По нивниот прв состаок, на кој г-ѓа Стритс речиси се задавила од лист од банана, тие бргу станале пар. Идејата за брак дошла откако испланирале патување во Северна Италија.

„И двајцата сме во нашите 80-ти и не знаеме уште колку време ни останува, па ајде да уживаме заедно“, изјавил г-дин Стритс.

Фото: Фејсбук/„Сент Моника“

Сепак, тој не ја запросил на традиционален начин – со клекнување на едно колено.

„Ако го направев тоа, јас немаше да успеам да се исправам“, се пошегувал г-дин Стритс.

Иако сега се во брак, тие решиле да ги задржат нивните станови. Како што објаснува г-ѓа Стритс, тие имааат многу работи, кои ги купувале во текот на животот, а не може да ги собере во еден стан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот