ФОТО: Наоми Кемпбел сподели ретка фотографија од нејзината ќерка по повод 24-годишнината од смртта на Џани Версачи

неоми кемпбел
Фото: Instagram

Американскиот топ модел на сите времиња Наоми Кемпбел му оддаде почит на модниот дизајнер Џани Версаче по повод 24-годишнината од неговата трагична смрт.

ФОТО | Наоми Кемпбел стана мајка на 50 години: Манекенката шокираше со објавата на Инстаграм

Имено, манекенката објави фотографија од бебето, кое го облекла во „Versace“, под која напиша: „Те сакам, Џани Версаче“ додавајќи емотикон срце и 4 гулаби.

наоми кемпбел бебе
Фото: Принтскрин / Instagram

Потоа манекенката објави видео под кое напиша емотивна порака: „Ми недостигаш, Џани Версаче, твојата интуиција и дела беа пред времето… Се восхитував на твојата работна етика, твојата автентичност, твојата големина и добро срце. Почивај во мир. 24 години. Никогаш заборавен“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)

Видеото беше прегледано скоро 320.000 пати, а под него имаше низа коментари од обожавателите.

Легенда“, „Тој беше едноставно неверојатен. Не го познавав лично но толку беше талентиран како што сега е неговата сестра и се надевам дека е горд на Донатела и се што направи за „Версаче“, „Тој беше моден гениј“, „Џани засекогаш“, „И мене ми недостасува“, беа само дел од коментарите на „Инстаграм“.

 

Да потсетиме, Наоми стана мајка за првпат на 18 мај оваа година.

Наоми Кемпбел се огласи за првпат откако стана мајка: Никогаш досега не сум почувствувала толку многу љубов

„Прекрасен мал благослов ме избра да ѝ бидам мајка. Многу сум почестена што ја имам оваа нежна душа во својот живот и не постојат зборови со кои би ја опишала оваа доживотна врска која сега ја имам со тебе ангелу мој. Не постои поголема љубов од оваа“, напиша Наоми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот