ФОТО | Младата стилска икона со нов изглед: Зендаја ги украде сите погледи на црвениот тепих во Париз

Фото; EPA-EFE/ALLISON DINNER

Новата стилска икона, како што многумина ја нарекуваат, воодушеви со незаборавните модни изданија на турнејата на вториот дел од филмот „Дина“, а јавноста не мораше долго да чека за нејзините нови модни експерименти.

Во последниве недели, Зендаја беше на промотивна турнеја за нејзиниот нов филмски проект „Предизвикувачи“, која ја започна во Сиднеј, Австралија.

Фото: Emmanuel Dunand / AFP / Profimedia

Таа деновиве пристигна во Париз со филмската екипа, и покажа сосема ново модно издание, но и фризура. Имено, 27-годишната актерка реши да ја промени бојата на косата и стана русокоса. На премиерата на филмот во Париз се појави со долги и внимателно обликувани локни.

Новиот изглед беше проследен со интересен моден избор. Сите погледи беа вперени во неа и поради беспрекорниот бел фустан со храбар детаљ од интересен кожен ремен на половината.

Фото: Emmanuel Dunand / AFP / Profimedia

Станува збор за креација дизајнирана токму за неа од дизајнерот Николас Гескиер, шеф на францускиот бренд „Луј Витон“, чиј нов амбасадор е таа.

Комбинацијата ја надополни со накит од брендот „Булгари“, односно пристојни обетки и дијамантско ланче. Инаку, за изданијата на Зендаја на турнејата на филмот „Предизвикувачи“ се погрижи нејзиниот долгогодишен пријател и стилист Ло Роуч, со чија помош стана модна ѕвезда која речиси и да нема конкуренција на црвениот тепих.

ФОТО | Зендаја посрамотена, ресторан во Рим одби да ја прими: Не може да влезеш вака облечена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот