
ФОТО | Меланија Трамп во центарот на нов скандал: Издавачот брише делови од книгата за принцот Ендру поради спорни тврдења
Повлекувањето на биографијата за принцот Ендру поради наводите во кои се споменува Меланија Трамп предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
Друштвените мрежи „горат“ откако издавачот ги отстранил „непроверени тврдења“ за Меланија Трамп од книгата за британскиот принц Ендру. Неавторизираната биографија“ Entitled: The Rise and Fall of the House of York‘ од историчарот Андру Лауни, објавена во август оваа година, ја истражува животната приказна на принцот од бракот со Сара Фергусон, односите со семејството и соработниците, долговите и контроверзиите.
Препорачано
Книгата во Обединетото Кралство предизвика жестоки реакции, а подоцна истата тема доби внимание и во САД.
Сега, од британската филијала на издавачката куќа „HarperCollins“ изјавиле дека ја повлекуваат книгата од продажба, бидејќи таа содржела тврдења за Меланија што не биле проверени.
„Во договор со авторот, отстранивме неколку работи од книгата кои се однесуваа на непроверени тврдења за Првата дама. Примери од книгата што содржат тие наводи ќе бидат трајно повлечени од дистрибуција. „HarperCollins UK“ ѝ се извинува на Првата дама“, стои во соопштението.
Се претпоставува дека спорниот дел се занимавал со поврзување на членови од семејството Трамп со сексуалниот престапник Џефри Епстајн. Во книгата било наведено дека Епстајн посредувал за средбата меѓу младата Меланија и Доналд Трамп.
— HarperCollinsUK (@HarperCollinsUK) October 7, 2025
Меланија и нејзиниот правен тим повеќе пати ги негирале приказните за начинот на кој се запознала со Доналд Трамп. Таа тврди дека го запознала во нјујоршкиот клуб „Kit Kat“ што е наведено и во нејзините мемоари „Melania“.
Слични повлекувања на изјави за Меланија се случувале и порано. На пример, политичкиот советник Џејмс Карвил се извини и избриша видео од Јутјуб во кое изнесуваше тврдења слични на оние од книгата.
Меланија Трамп побарала од Хантер Бајден да се извини за тврдењата кои го поврзуваа нејзиното име со Епстајн и најавила отштета од една милијарда долари. Кога му било понудено да се извини, Бајден рекол дека тоа нема да се случи.
Фановите на Првата дама реагирале бурно и објавувале пораки дека треба да ги тужи издавачите. Многумина ѝ пишувале комплименти дека е најдобра, најубава и најелегантна прва дама досега.
— MELANIA TRUMP (@MELANIATRUMP) October 7, 2025
Меланија лично не дала јавен коментар, туку ги споделила извинувањата на издавачот на своите профили на социјалните мрежи. На Икс има околу 3,9 милиони следбеници, на Инстаграм над четири милиони, а на Фејсбук 2,7 милиони.
Се појавиле и гласини дека целата акција е под притисок од Белата куќа врз издавачот. Во Британија има многу книги критички настроени кон кралското семејство, но толку силни реакции од САД се ретки.