ФОТО | Мел Гибсон ужива во ќебапи во Сараево: За оваа фотографија зборува целиот регион

Мел Гибсон / Фото: LOIC VENANCE / AFP / Profimedia

Мел Гибсон пристигна во Босна и Херцеговина, а уживаше во ќебапи во ресторанот на Сејо Брајловиќ, кој на Инстаграм се пофали со посетата на актерската легенда.

Познатиот холивудски актер и режисер Мел Гибсон пристигна во Сараево, а веднаш по неговото пристигнување отишол на добро познато место – во ресторан кај Сејо Брајловиќ на ќебапи со врвен квалитет.

Сејо се огласил на инстаграм-профилот на ресторанот каде споделил фотографија со Мел и работниците, а во описот ја открил и причината за посетата.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/Ресторан Брајловиќ

„Во друштво на најголемата фаца на Холивуд. Преговори за снимање на акционен сет кај нас, а Сејо игра споредна улога. Ние останатите сме сепак статисти и акробати. П. С. Само ‘хејтерите’ ќе кажат дека ова е фотомонтажа и двојник“, напишале тие.

„Актерот“ дошол во ресторанот сосема лежерно облечен во црна тренирка, а вниманието го привлекле неговата запуштена коса и брада.

Затоа на прв поглед изгледал сосема непрепознатливо, а некои не ни веруваат дека тоа е тој, но сопругата на Сејо Брајловиќ во коментарите потврдила дека навистина тоа е актерот.

„Ова е кинеска копија на Мел Гибсон“, „Мислев дека не е тој со оваа брада и коса“, „Не верувам дека ова е тој“, „Ако ова е Мел Гибсон, јас сум Анџелина Џоли“ , се само дел од коментарите на шокираните следбеници.

 

Не им требаше долго време на медиумите во регионот да ја објават оваа приказна, но за жал, Мел Гибсон не престојува во Сараево. Гибсон синоќа бил во Лас Вегас на настанот на УФЦ и на трибините ја следел пресметката помеѓу Шон Стрикленд и Абус Магомедов, како што се гледа на видеото.

Братот на Мел Гибсон: Тој е чудовиште, го мразам бидејќи не сака да ми помогне

Мел Гибсон и Даниел Крег во Белград поради истата причина

ВИДЕО: Мел Гибсон со војнички поздрав го пречекал Доналд Трамп на натпреварот на УФЦ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот