ВИДЕО: Мел Гибсон со војнички поздрав го пречекал Доналд Трамп на натпреварот на УФЦ

мел гибсон
Фото: EPA/MIKE NELSON

Филмскиот режисер и актер Мел Гибсон бил забележан како го поздравува поранешниот претседател Доналд Трамп на УФЦ 264 натпреварот во Лас Вегас.

Гибсон, Трамп и други познати личности биле дел од публиката која го следела многу очекуваниот натпревар помеѓу Датин Поирие и Конор Мекгрегор.

Деновиве на социјалните мрежи се појавија видео-снимки, на кои наводно се гледа дека Гибсон му упатил војнички поздрав на поранешниот претседател.

Не е јасно дали Гибсон и Трамп имале некаква интеракција на натпревар или поранешниот претседател го забележал очигледниот поздрав на Гибсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот