ФОТО | Мапата со најпопуларните јадења во Европа стана вирална: Ќе се изненадите од изборот за Македонија?

Фото: Принтскрин/Dvo

Познатата веб-страница „Terrible Maps“ (Страшни мапи)  објави мапа на најпопуларните јадења во Европа.

Според оваа мапа, најпопуларно јадење во Македонија е надалеку познатиот специјалитет – тавче гравче.

Според оваа мапа, најпопуларно јадење во Србија е плескавица, во Хрватска е месото од тиблица, а во Босна и Херцеговина, секако, ќебапите. Висококвалитетните солени, а потоа печени или варени парчиња свинско месо се ставаат во дрвен сад наречен „тиблица“ и се чуваат во маст.

На картата се ставени и шницлата како најпопуларно јадење во Австрија, пицата во Италија, гирото во Грција, гулашот во Унгарија, донер ќебапот во Турција, вафлите во Белгија, паељата во Шпанија

Под ојбавата на мапата, се нижат коментари на луѓе од разни земји од Европа, од кои, некои се согласуваат со изборот ја јадења на мапата, додека, пак, други велат дека не е баш правилен.

„Вафли во Белгија? За туристите можеби. Помфрит, би рекол“, напишал еден коментатор.

„Шпанија: паеља за туристите, за Шпанците е „тортиља де пататас“ (шпански омлет)“, се надоврзал еден Шпанец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот