ФОТО | Мадона со емотивна порака: „Сфатив колку сум среќна што сум жива“

Фото: Instagram/ Madonna

Мадона преку социјалните медиуми им напиша трогателна порака на своите деца, еден месец откако беше хоспитализирана поради бактериска инфекција, која ги вознемири нејзините верни обожаватели.

„Љубовта кон семејството и пријателите е најдобриот лек“, напиша 64-годишната пејачка, заедно со неколку фотографии од синот Дејвид и ќерката Лурдес.

Фото: Instagram/ Madonna

Таа им се заблагодари на своите деца Дејвид, Лурдес, Роко, Мерси и близначките Стела и Естера, за поддршката и истакна дека како родител можете „да се справите со потребите на вашите деца и со навидум бескрајното давање“, но овој пат нејзините деца навистина се покажале.

Фото: Instagram/ Madonna

„Ја видов нивната страна, каква што досега не сум ја видела. Тоа ми беше важно“ напиша таа.

Познатата музичарка сè уште не ги открила деталите за хоспитализацијата, но нејзината состојба е сè подобра, со оглед дека објавува нови фотографии и видеа.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

„Сфатив колку сум среќна што сум жива“, додаде.

Мадона е итно примена во болница: Нејзината турнеја се одложува

Мадона е итно примена во болница: Нејзината турнеја се одложува

ВИДЕО | „Можам барем малку да танцувам“: Мадона закрепнува по излегувањето од болница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот