ВИДЕО | „Можам барем малку да танцувам“: Мадона закрепнува по излегувањето од болница

Фото: Скриншот/Инстаграм

Американската пејачка Мадона пред еден месец беше хоспитализирана поради влошена здравствена состојба, како последица на сериозна бактериска инфекција.

По излегувањето од болница, „кралицата на поп-музиката“ сега закрепнува во домашни услови. Мадона е прилично активна на социјалните медиуми, па вчера објави видео на кое танцува и им покажа на обожавателите дека се чувствува добро.

„Се чувствувам како најсреќната ѕвезда на светот бидејќи можам да го движам телото и барем малку да танцувам. Им благодарам на сите мои фанови и пријатели. Вие сте моите среќни ѕвезди“, напиша таа во описот на објавата, додавајќи дека вчера ја прославила 40-годишнината од објавувањето на нејзиниот прв студиски албум „Madonna“ (1983).

Како потсетување, Мадона беше хоспитализирана кон крајот на минатиот месец, а нејзиниот долгогодишен менаџер Гај Осеари ја потврди веста дека причината за неколкудневниот престој во болница била „сериозна бактериска инфекција“.

Ова доведе до одложување на првиот дел од нејзината претстојна концертна турнеја „Celebration“. Турнејата требаше да почне на 15 јули, со концерт во Ванкувер, Канада. Сѐ уште не се објавени новите датуми на кои ќе се одржат одложените концерти во Канада и САД.

Но, Мадона ќе го одржи европскиот дел од турнејата, кој ќе почне на 14 октомври, со четири последователни концерти во Лондон, Англија. Потоа пејачката ќе настапи и во Белгија, Данска, Шведска, Шпанија, Португалија, Франција, Германија, Италија и Холандија. Овој дел од турнејата ќе го заврши со уште два концерти во Лондон – на 5 и 6 декември.

Од 13 декември годинава до 30 јануари следната година, Мадона ќе одржи повеќе концерти пред американската и мексиканската публика.

Мадона турнеја
Фото: Инстаграм/Мадона

Мадона е итно примена во болница: Нејзината турнеја се одложува

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот