Мадона е итно примена во болница: Нејзината турнеја се одложува

Фото: Профимедиа

Мадона ја одложи светската турнеја, откако заврши во болница на интензивна нега, поради сериозна бактериска инфекција, пренесува „Би-би-си“.

Според нејзиниот менаџер, глобалната поп-ѕвезда развила сериозна бактериска инфекција, што довело до „неколкудневен престој во болница“, но се очекува целосно да закрепне.

Во изјавата, Гај Осеари пренесува дека здравјето на Мадона се подобрува, но таа сè уште е под медицинска контрола.

„Во овој момент ќе мораме да ги паузираме сите обврски, што ја вклучува и турнејата. Ќе споделиме повеќе детали штом ги имаме, вклучително и нов датум за почеток на турнејата и презакажани настапи“, изјавил менаџерот.

Инаку, на почетокот на оваа година, ѕвездата ја најави својата светска турнеја со дури 35 концерти. Турнејата требаше да започне во Ванкувер на 15 јули, потоа да продолжи со низа концерти во САД, од каде што Мадона требаше да се упати на настапи низ неколку европски градови.

Фото: Instagram/ guyoseary

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот