ФОТО | Мадона си фати 29-годишен боксер

Фото: Инстаграм/Џош Попер

Поп-кралицата Мадона повторно си најде млад дечко, овојпат 29-годишниот боксер Џош Попер, објави „Дејли меил“.

Џош Попер е тренер по бокс на едно од децата на Мадона, во теретаната „Флатрион Дистрикт Бредвинерс“. Исто така, тој е дел од реалното телевизиско шоу „Summer House“.

Како потсетување, 64-годишната пејачка се раздели од претходниот 23-годишен партнер, скејтбордерот и модел Ендру Дарнел, минатата недела. Она што е сомнително во целата драма со дечковците на Мадона е тоа што Џош Попер, на неговиот инстаграм профил пред две недели објавил неколку фотографии од него и Мадона во теретаната.


На една од фотографиите, кралицата на поп-музиката е облечена во долгo црно палто, со нејзината рака ја држи раката на Попер, а со усните го допира неговиот бицепс. Мадона никогаш не била засегата од критиките кои ги добива за љубовните врски со помлади момчиња, па така ни овој пат не се двоумела да го заследи на Инстаграм.

„Материјалната девојка“ ја објави истата фотографија на своето Инстаграм стори, со објавата: „ Во машката култура секогаш има исклучоци“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот