ФОТО | Катарина Иваноска го прослави 35. роденден во Хрватска: Дуваше свеќи на јахта и се забавуваше на концертот на Здравко Чолиќ

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/Белограм

Топ-моделот Катарина Иваноска наврши 35 години, а со торта на јахта го прослави роденденот во Пула, Хрватска.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/Белограм

Катарина веќе неколку дена е на одмор во друштво на долгогодишната пријателка Александра Бела, сопругата на актерот Атанас Атанасовски.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/Белограм

Судејќи по фотографиите на Инстаграм, роденденската забава на Катарина започнала на јахта каде таа дувала свеќички на роденденската торта.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/Белограм

Меѓутоа, изгледа дека главната роденска журка била вечерта, на концертот на балканската ѕвезда Здравко Чолиќ, што се одржал во Пулската арена, а на кој биле одлично расположените Катарина и Александра.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/Белограм

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот