ФОТО | Како да излегло од филмот „Дина“: Посетител на плажа се шокирал кога пронашол суштество од кошмарите

Фото: Wikimedia commons / Fernando Losada Rodríguez

Вил Мајлс (26) додека се шетал на плажата во Девон, Англија, пронашол суштество со застрашувачки изглед. Неговите фотографии од ова морско суштество се појавиле на социјалните мрежи, па предизвикале големо внимание и дебата за што точно се работи.

Многумина го споредиле необичното морско суштество со песочните црви од научно-фантастичниот филм „Дина“, пишува „Њујоркпост“.

„Беше многу забележливо, лежеше во централниот дел на плажата. Суштеството имаше остри заби со уста што личеше на цицач“, изјавил Мајлс.

Необичното суштество имало тело како јагула и остри заби во голем број. Откако ги објавил фотографиите на Фејсбук за да го идентификува необичното суштество, Мајлс набрзо добил одговор. Всушност се работело за морска змијулка.

Морската змијулка има тркалезна и широка уста, а забите му се остри и распоредени во повеќе кружни редови. Се храни прицврстувајќи се на пленот, а потоа ги цица крвта и ткивото со помош на грубиот јазик.

Нападите врз луѓе од овие морски змијулки се ретки. Нивното гризнување не е фатално, но може да биде болно и да доведе до инфекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот