ФОТО | Иванка Трамп во панцир прошета низ уништен кибуц во Израел, па се помоли на Ѕидот на плачот

Фото: Instagram / ivankatrump

Иванка Трамп облечена во панцир со својот сопруг Џаред Кушнер прошета низ уништениот кибуц „Кфар Аза“ во Израел, кој е во близина на границата со Газа, пишува „Дејли мејл“.

Иванка, поранешната советничка во Белата куќа изгледаше сериозно за време на посетата, облечна во долги зелени панталони, бела блуза со копчиња со црн панцир над неа и бели патики. Нејзиниот сопруг Џаред облече крем комбинација над која носел и панцир.

Фото: Instagram / ivankatrump

Како што пренесуваат „Jерусалем пост“, Иванка и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер „чуле сведоштва од локалните жители кои живееле во заедницата до нападот на Хамас“, како и „сведочењето на граничната полиција и војниците кои биле меѓу оние кои помогнале да се спасат животи и да ги елиминираат инфилтрираните терористи на Хамас за време на нивниот прекуграничен масакр“.

„Во овој кибуц загинаа 64 луѓе, 19 од нив беа киднапирани, многумина беа ранети. Но, најважно е што петмина се уште се заложници во заробеништво во Газа. Кфар Аза е мојот дом. Се надевам дека еден ден ќе можам да ве угостам во мојот дом“, им рекол поранешниот жител на кибуцот Чен Котлер.

Инаку, кибуцот е социјална, често земјоделска општина во Израел со демократски структури и заедничка сопственост.

Фото: Instagram / ivankatrump

„Ви благодариме што ги споделивте вашите приказни со нас. Само треба да кажам дека ми е чест да бидам со вас, со херојските дела што ги направивте. Тоа што го направивте направи огромна разлика“, рекол Кушнер.

Кушнер и Иванка, која често вели дека верата ѝ е многу важна, го посетија и Ѕидот на плачот каде таа се помоли. На ова место и таа беше и во март со својот син Теодор.

Фото: Instagram / ivankatrump

Инаку, Иванка премина во јудаизам пред да се омажи за Кушнер во 2009 година. Двојката има три деца, Арабела, Џозеф и Теодор, кои посетуваат еврејско училиште во Мајами. Тие станаа ученици на таа установа откако претседателскиот мандат на нејзиниот татко Доналд Трамп заврши во 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот