ФОТО | Голем протест на наставници и студенти во Будимпешта, бараат реформи во образовниот систем

Протест на наставници во Будимпешта / Фото EPA-EFE/Zoltan Balogh

Илјадници студенти, наставници и критичари на владата вчера протестираа во Будимпешта барајќи реформи во образовниот систем и подобри услови за просветните работници.

Протестот, наречен „марш на слободата“, беше организиран на повик на синдикатите на образовните работници и студентските организации, кои со месеци вршат притисок врз унгарската влада да обезбеди зголемување на платите и укинување на законот со кој се ограничува правото на штрајк на наставниците.

Демонстрантите извикуваа слогани како „нема учители, нема иднина“ и „штрајкот е основно право“ додека маршираа по една од главните улици во Будимпешта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот