ФОТО | Го симна Пентагон од тронот: Како изгледа најголемата деловна зграда во светот

Фото: Instagram/ surat_diamond_bourse

Центарот за трговија со дијаманти „Surat Diamond Burse“ во Индија, е прогласен за најголема деловна зграда во светот, пишува „Пункуфер“.

Дијамантската берза опфаќа површина од приближно 700.000 квадратни метри во рамките на новата деловна област „Diamond Research“ и “Mercantile City“ во Сурат, Индија, и опфаќа девет меѓусебно поврзани облакодери од 15 ката.

Фото: instagram/ surat_diamond_bourse

Овој деловен комплекс содржи 4.500 канцеларии за трговци на дијаманти кои варираат по големина – од 27 до 250 квадратни метри. Нив ги опслужуваат 131 лифт, а достапни се и бројни повеќенаменски простори – од конференциски сали до ресторани до банки, па дури и хотели.

Фото: instagram/ surat_diamond_bourse
Фото: instagram/ surat_diamond_bourse

Инаку, „Surat Diamond Burse“ ќе вклучува и наменска царинарница со национален институт за истражување на дијаманти, меѓународен конгресен центар и разни други образовни институции.

Фото: instagram/ surat_diamond_bourse
Фото: instagram/ surat_diamond_bourse

Овој деловен објект го симна од тронот американскиот Пентагон, кој со години важеше за најголема деловна зграда во светот. Седиштето на Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави, имено, има 620.000 квадратни метри канцелариски простор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот