ФОТО | Го киднапираа како дете: Синот на Лепа Брена ја прекина неколкугодишната изолација

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Стефан Живојиновиќ јавноста го помни како синот на Брена и Боба кој како мал беше киднапиран од семејниот дом. Неговите родители платија два и пол милиони тогашни германски марки за да го вратат жив.

Синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Стефан пред неколку години се одлучи да се изолира од јавноста и да не се појавува повеќе во медиумите.


Тој иако се впушти во музичките води и стана пејач, набрзо реши да се повлече од јавноста, а речиси никој го немаше видено три години.


Стафан не се појавуваше во изминатите три години ниту на семејните прослави, ниту на промоции на неговата мајка, ниту кога пејачката го промовираше брендот со хулахопките.


По неколкугодишната неактивност на социјалните мрежи, овој пат  Стефан на Твитер сподели фотографија од самиот себе додавајќи во описот детелина со три листа.


Со оглед на тоа што овој симбол значи изненадување, нова идеја и големи планови, фановите се прашуваат што ли може да се очекува од него.

ФОТО | Лепа Брена одговори на критиките за новогодишниот фустан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот