ФОТО | Ева Лонгорија ги загреа фановите: Вака „изгледа“ Божиќ во Лос Анџелес!

Profimedia
Фото: Профимедиа

Холивудската актерка Ева Лонгорија се пофали дека деновиве се одмара во Лос Анџелес, објавувајќи неколку жешки фотографии на кои никој не може да остане рамнодушен.

Таа позираше во тесен розов костим за капење на едно рамо, кој одлично ѝ прилега на нејзините облини и беспрекорно обликуваните стомачни мускули. А нежно розовата боја одлично го истакна нејзиниот темен тен.

„Вака изгледа Божик во ЛА“, напиша актерката во описот на фотографијата која ја сподели на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

Нејзиниот секси изглед буквално ги воодушеви фановите, судејќи по мноштвото комплименти.

„Твојот Божик изгледа неверојатно“, „Најубавата дама и најпосебната пријателка што некој може да ја има“, „О Боже, какви стомачни“, беа дел од коментарите.

Ова не е првпат актерката да предизвика лавина реакции со своја фотографија во костим за капење. Имено, таа уште во октомври воодушеви во сино-бели бикини кои ги носеше за да го прослави роденденот на нејзината најдобра пријателка во Мексико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот