ФОТО | Емина Јаховиќ доживеа повреда, па заврши на патерици: Животот ми порачува…

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Познатата пејачка Емина Јаховиќ денеска ги загрижи своите обожаватели откако се огласи на социјалната мрежа Инстаграм.

Имено, таа објави фотографија на која се движи со помош на патерици. Таа позираше во лежерно издание со тренерки и патики, а на фотографијата во преден план беа патериците со кои пејачката моментално се движи.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Животот ми порачува да одморам“, напиша Емина со тажен емотикон покрај фотографијата.

Но, како точно се повредила сè уште не е познато. Пејачката често патува и  e голем љубител на луксузните дестинации, па сега е мистерија каде се случила незгодата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот