ФОТО | Од цветна природа на фустаните, до јоргани и патики како копита на престижните Британски модни награди!

Дуа Липа, Пријанка Чопра, Адријана Лима

Вчера Лондон дишеше во ритамот на модните остварувања, каде и се одржа доделувањето на престижните Британски модни награди. Гламурозната вечер ги „собра“ на куп сите луѓе што значат нешто во светот на модата.

Црвениот килим беше местото каде парот Пријанка Чопра и Ник Џонас продефилираа и буквално го свртеа сето внимание на себе.

Пријанка Чопра и Ник Џонас
Model Release: no, Credit line: Marechal Aurore/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Славната актерка која во 2000 година беше прогласена за Мис на светот се појави во раскошна цветна креација од дизајнерот Ричард Квин, која беше магепсувачка и сите погледи беа вперени во неа. Пријанка блескаше во овој шарен комбинезон со цветен принт кој буквално „ја гушкаше“ од глава од петици, а нејзиниот сопруг носеше класичен црн костум со широки панталони и бизарни патики како копито.

Пријанка Чопра и Ник Џонас
Abaca Press / Profimedia

Освен Пријанка Чопра, вниманието го привлекоа и многу други ѕвезди кои позираа пред камерите. Дуа Липа воодушеви во својот едноставен црн фустан со невообичаени ракави и минимална шминка.

Дуа Липа
Abaca Press / Profimedia

На црвениот килим воодушеви и блескаво белиот фустан на Адријана Лима, опточен со кристални камчиња, креиран во два дела и висок шлиц.

Адријана Лима
Abaca Press / Profimedia

Посебно изненади и Деми Мур која се појави на доделувањето на наградите во црн светкав фустан со „омбре“ ефект од Fendi и долг вел позади неа.

Деми Мур
The Photo One / Profimedia

Впечатлива беше и моделката Вини Харлоу во „јорганест“ фустан со горен дел како топ и додаток невообичаени „пумпасти“ ракавици.

Вини Харлоу
Abaca Press / Profimedia

Срцата на присутните беа трогнати кога Идриз Елба, пријател на неодамна починатиот дизајнер Вирџил Абло ја прочита поемата „When Great Trees Fall“ од Маја Ангелу во негова чест.

Idris Elba
Richard Young / Shutterstock Editorial / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот