ФОТО | „Ден без панталони во метро“: Стотици луѓе учествуваа во годишната традиција во Лондон

Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

„Денот без панталони во метро“ повторно се одржа во Лондон, Велика Британија. Жителите на градот уште еднаш се соблекоа во долна облека како дел од легендарното годишно возење со метро без панталони, пишува „Дејли мејл“.

Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Стотици полуголи луѓе вчера излегоа во лондонското метро за да учествуваат во традицијата. Организаторите на настанот се сретнаа со учесниците во Чајнатаун, Сохо, во 15 часот, а потоа продолжија  до најблиската метро-станица, каде сите се соблекоа – и покрај очекувањата за голем штрајк на вработените во лондонското метро – кој сепак беше прекинат. Учесниците ја носеа својата најинтересна и најшарена долна облека.

Фото: Hesther Ng/Story Picture Agency/ / Shutterstock Editorial / Profimedia

Но, се чини дека не сите корисници на метро-превозот се свесни за овој настан, па многумина беа шокирани бидејќи се опкружени со делумно облечени патници.

Фото: Hesther Ng/Story Picture Agency/ / Shutterstock Editorial / Profimedia

Инаку, сите лондончани знаат дека постојат одредени непишани правила за учество на овој настан. Еден од нив е дека не смеете да гледате во туѓата долна облека и дека е подобро да избегнувате контакт со очите. Исто така, не е дозволено да се носи танга или провокативна проѕирна долна облека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот