ФОТО | Давид Бабунски стана татко по третпат: Малечката Алина пристигна

Фото: Инстаграм/Катарина Бабунски

Македонскиот фудбалски репрезентативец Давид Бабунски и неговата сопруга Катарина станаа родители по третпат. По двата сина, Елисеј и Лиам, тие со голема радост ја дочекаа приновата во семејстото – ќеркичката Алина.

Како што соопштија среќните родители, девојчето се родило малку порано, но е во совршена здравствена состојба.

„Нашата ќерка Алина пристигна денес. Порано од очекуваното, но совршено здрава, силна и убава. Донесе голема среќа и љубов во нашето семејство“, напиша Катарина Бабунски во описот на фотографиите кои ги објави на нејзиниот инстаграм-профил.

„Втори април беше неверојатен ден. Утрово мојата сопруга се породи со нашата ќерка, нешто трето дете. Нашето девојче Алина се роди во Белград, малку порано од очекуваното, но пристигна совршено здрава, силна и убава.

Во тој момент, јас се подготвував со мојот тим во Унгарија за нашиот фудбалски натпревар, па морав да го посведочам породувањето преку видеоповик.

Штом заврши натпреварот, јас веднаш се упатив кон Србија за да ја запознаам мојата малечка принцеза и да уживам во неизмерната љубов и среќа која таа ни ја донесе во нашите животи.

Катарина, љубов моја, честитки и јас сум многу горд на тебе. Ти си најдобрата жена и мајка“, напиша Давид Бабунски на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Babunski (@davidbabunski)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот