ФОТО | Четврти пат на врвот: Марго Роби прва на листата на 100 најжешки жени

Марго Роби / Фото: EPA

Австралиската актерка Марго Роби е прогласена за најубава жена во Австралија од страна на магазинот „Максим“ по четврти пат, односно четири години по ред.

epa-efe
Фото: EPA-EFE/Chris Pizzello / POOL

„Максим Австралија“ секоја година објавува листа на 100 најубави жени во светот по нивен избор, а на таа листа има многу кои својот успех го должат не само на убавината, туку и на спортот, музиката и многу други гранки.

Инаку, 33-годишната Марго и изминативе три години беше на врвот на листата, а веднаш зад неа второто и третото место го зазедоа фудбалерката Сем Кер и реалити ѕвездата Софи Монк.

– Нашата годишна листа Хот 100 се развиваше во последните 10 години. Во 2023 година, таа продолжува да ги слави извонредните Австралијки кои импресионираа или влијаеја на нас со нивната способност, интелект, хумор, достигнувања, дрскост и неверојатни таленти – изјавил главниот уредник на „Максим“, Санти Пинтадо.

Што се однесува до остатокот од листата за убавина, Аби Четфилд е на деветтото место, сопругата на Канје Вест, Бјанка Ценсори е на 18. место, водителката Соња Кругер на 36-то место, едно место над Аманда Келер. Никол Кидман и Кејт Бланшет се на 48. и 49. место.

Ова е најубавата жена за 2019 година! (ФОТО)

Погледнете што се случува кога ги пребарувате Рајан Гослинг, Маргот Роби или „Barbie“ на Гугл

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот