ФОТО | Брендот „Валентино“ со лимитирани дуксери во борба против коронавирусот: Лејди Гага се поднови

пјерпаоло пичоли лејди гага
Фото: Принтскрин / Инстаграм

Валентино сака сите да се вакцинираат, во заедничка борба и унифициран изглед. Модниот бренд Валентино создаде нова лимитирана линија на дуксери со добропознатото лого „V“ но потпишани со фразата „Vaccinated“ – „Вакциниран“.

Валентино и глобалната програма на Уницеф КОВАКС се здружија за создавање на дуксер кој промовира вакцинација против ковид-19.

Модното парче кое ќе биде во лимитиран број ќе биде во црна боја со добро – препознатливото „V“ лого на брендот  во контрастно црвена боја, но наместо „Valentino“ под него испишано е „Vaccinated“.

„Вакцинирањето е еден од најефективните начини да се избориме со оваа глобална пандемија, како и симбол за полит кон другите и социјалната обврска. Човек не може да се крие зад концептот на слобода со тоа што ќе се одлучи да не се вакцинира. Слободата секогаш мора да е заштитена, и ние сите мораме да се бориме за слобода но почитувајќи ги останатите: слободата да бидеме свои, слободата на мислата, слободата на љубовта, слободата да се изразиме и бориме со нашите сопствени идеи“, велат од Валентино.

Извршниот директор на Валентино, Џакопо Вентурини изјави дека со овој потег брендот му помага на Уницеф во загарантирање на еднаков пристап до вакцини со тоа што ќе помогне во забрзување на доставата во држави каде сè уште не се достапни на широко.

„За жал не сите земји имаат еднаков пристап до Ковид-19 вакцини. Со оваа соработка Валентино го подржува УНИЦЕФ во напорите да достави Ковид-19 вакцини кои спасуваат живот.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Дуксерот со оригиналниот „клон“ на логото, кој всушност е оригинално дизајниран од компанијата Клонеј, го освои интернетот откако беше испромовиран од Лејди Гага и креативниот директор на брендот Пијерпаоло Пичоли во објави на нивните инстаграм профили.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pierpaolo Piccioli (@pppiccioli)

Како заедничка соработка, дуксерот е достапен на продажба од денес на сајтот на Валентино, а средствата ќе бидат донирани во програмата Ковакс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот