ФОТО: Браво момци, Македонија со победа го почна Европското првенство, со 3:1 совладана Данска

фото: Драган Митрески/Слободен печат

Во првиот натпревар од групата „Ц“ на Европското првенство во СЦ „Борис Трајковски“ најдобрата македонска машка одбојкарска репрезентација ја совлада Данска со 3:1 во сетови 22:25, 25:22, 25:18, 25:22. Голема и важна победа на Македонија која го прави првиот чекор кон европско осминафинале.

Првиот сет го добија Данците со 22:25, иако нашата селекција неколку пати имаше позитива од два разлика како 6:4, 7:5 и 8:6, а нешто подоцна и од еден разлика (12:11, 13:12), но потоа до крајот на сетот противникот го контролираше резултатот. Стигнуваа ривалите и до највисоки „плус четири“ и само рутински дојдоа до почетна предност во сетови.

фото: Драган Митрески/Слободен печат

Во вториот се воглавно данската репрезентација константно имаше минимално водство, последното на семафорот стоеше (16:17), а потоа кога беше потребно одигравме најдобро во клучните моменти. Одржувавме постепено разлика од два поени (20:18, 22:20), а сетот за израмнување го завршивме со 25:22.

Во третиот сет бевме далеку подобри од противникот, веќе стекнавме четири разлика од 6:2, па имавме и 10:5 за голема радост на трибините. Данците се заканија со доближување резултатски на 10:9, но повторно следуваше наша серија на поени за 15:10, а потоа постепено до крајот на сетот одржувавме шест поени разлика за преземање на позитивата од 2:1 во сетови (25:19).

фото: Драган Митрески/Слободен печат

Од стартот од четвртиот сет контролиравме минимална позитива од еден разлика до 8:6 кога Ѓоргиев се погрижи за „плус два“, брзо се вратија Данците за егал преку Мадсен, но истиот играч згреши при сервис за 9:8 за нашата селекција. И покрај четвртата сервис грешка на Данска, и нашето водство од 14:13 на семафорот, се вратија ривалите со два поени во низа, што го принуди македонскиот селектор Миленкоски да побара тајм-аут.

Со деветтиот поен на Савовски израмнивме на 17:17 во четвртиот сет, но дозволивме Данска да направи два поени во серија, по грешката на Н. Ѓоргиев беа загрижувачки 17:19. Се вративме на 21:21, беше и 22:22, а ерупција на трибините донесе Љафтов за 23:22, по што данската клупа побара минута одмор.

фото: Драган Митрески/Слободен печат

Љафтов блокираше за 24:22 и имавме две меч топки, веднаш првата ја искористивме за конечни 25:22. Наш најефикасен беше Никола Ѓоргиев со 17 поени, а на спротивната страна Мадс Кјед Јенсен запиша 19. По четири блокади имаа Фили Савовски и Александар Љафтов, а три Расмус Микелсонс.

Првото коло од оваа група ќе биде комплетирано в четврток со натпреварите: Црна Гора – Холандија (17.00 часот) и Полска – Чешка (20.00 часот). Вториот меч избраниците на селекторот Јошко Миленкоски ќе го имаат на 2 септември од 20.00 часот против селекцијата на Црна Гора.

фото: Драган Митрески/Слободен печат
фото: Драган Митрески/Слободен печат
фото: Драган Митрески/Слободен печат
фото: Драган Митрески/Слободен печат
фото: Драган Митрески/Слободен печат

 

фото: Драган Митрески/Слободен печат
фото: Драган Митрески/Слободен печат
фото: Драган Митрески/Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот