ФОТО | Болдвин се огласи по ослободувањето од обвиненијата: Неговата сопруга сподели бизарна фотографија

Фото: Профимедиа

Алек Болдвин (65) се огласи откако беше ослободен од обвинението за убиство на снимателката Халина Хачинс на сетот на „Rust“ во октомври 2021 година.

Болдвин беше обвинет за две точки од обвинението за убиство од небрежност.

Актерот ја негираше одговорноста за убиството, велејќи дека но никогаш не го повлекол чкрапалото и дека работа на главниот и на другите експерти за оружје е да осигураат дека нема куршуми во него.

Набргу потоа, Болдвин се огласи на социјалните мрежи. На фотографијата тој позираше во прегратките на сопругата Хиларија Болдвин (39).

„Сѐ што имам ѝ должам на оваа жена“, напиша во објавата, а му се заблагодари и на својот адвокат Лук Никас.

Фото: Принтскрин Инстаграм

„Многу ми е мило што обвиненијата против тебе се отфрлени. Сега можеш да живееш мирно со своето семејство; Многу ми е мило за вас, конечно е готово“, го поддржаа обожавателите актерот во коментарите под објавата.

Инаку, нивната заедничка фотографија која Алек ја објави е направена само една година по запознавањето на парот, пред 12 години.

Дека вљубениот пар е среќен докажува и новата објава на Хиларија. На фотографијата таа стои во прегратките на Алек во фетална положба, а тој цврсто ја држи. И нејзините обожаватели изразија поддршка и порачаа дека се среќни поради нив двајца, но имаше и такви кои ѝ порачаа дека фотографијата е бизарна и дека изгледаат како татко и ќерка.

Фото: Принтскрин Инстаграм

„Конечно Хиларија, толку е убаво да ве видиме дома; Прекрасно, среќна сум поради вас“, напишале другите во коментарите.

Да потсетиме, снимањето на филмот „Rust“ продолжи оваа недела, но употребата на муниција е забранета на сетот.

Специјалната обвинителка се повлече од случајот за фаталното пукање на Болдвин

Алек Болдвин официјално обвинет за убиство на Халина Хачинс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот