ФОТО | Беше синоним за убавина: Кејт Мос во загрижувачко издание, криела шише вотка во чантата

Фото: Profimedia

Британската манекенка Кејт Мос (49) беше една од најангажираните фотомоделки во деведесеттите години на минатиот век, а денес е глобална амбасадорка на „Британскиот совет за убавина“ („British Beauty Council“).

Фоторепортерите неодамна ја фотографирале по ноќно излегување во Сохо, Лондон, но фотографиите и начинот на којшто изгледа Мос ги загрижија љубителите на модата.

Имено, 49-годишната манекенка била фотографирана со својот пријател Павел Валицки, а во чантата имала скриено шише вотка, пишува „Дејли мејл“.

Кејт Мос
Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Ова не е првпат манекенката да се појави во загрижувачко издание – во септември беше снимена како пуши пред ресторан, а нејзиниот изглед на лицето предизвика голем број загрижени коментари од оние кои ја следат нејзината работа.

Како потсетување, Мос во минатото се бореше со зависност од алкохол и дрога, а нејзиниот близок пријател Тони Марнах во 2020 година откри дека манекенката престанала да пие алкохол во 2018 година и се свртела кон поздрав начин на живот.

„Одам на спиење рано, пијам многу вода, не пијам премногу кафе и се обидувам да ги намалам цигарите“, призна таа тогаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот