ФОТО | Беше еден од холивудските заводници: Шон Пен денес изгледа непрепознатливо

Шон Пен денес / Фото: Profimedia

Американскиот актер и режисер Шон Пен (63) важеше за еден од најголемите заводници во Холивуд, кој својата кариера ја започна во комичниот филм „Златната ера во средното училиште Риџмонт“ („Fast Times at Ridgemont High“). По оваа улога, неговата кариера тргна во нагорен правец и почна да глуми во голем број успешни филмови.

Покрај одличната актерска кариера, Пен имаше и бурен љубовен живот. Тој беше во брак со Мадона цели четири години, од 1985 до 1989 година. Потоа стапи во брак со актерката Робин Рајт, со која се раздели во 2010 година и со која има има две деца – ќерката Дилан и синот Хопер.

Робин Рајт и Шон Пен во 2003 година / Фото: EPA

Минатото лето, Пен беше забележан со актерката Олга Коротјаева, но тоа беше краткотрајно и стариот заводник набргу потоа беше виден со активистката Натали Кели, која е 24 години помлада од него.

Познатиот актер неодамна беше фотографиран во Малибу, а неговиот изглед изненади многумина. Според коментарите, корисниците на социјалните мрежи забележуваат дека тој изгледа прилично остарено во последно време.

Тој бил фотографиран во бела маица и црни панталони, а како што јавуваат американските фотоагенции, актерот се враќал од прошетка во близина на својот дом.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia
Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

ФОТО | Шон Пен сочно ја бакнува 20 години помладата девојка Олга

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот